Хроника 22-годишен скопјанец загина во судир на три автомобили

22-годишен скопјанец загина во судир на три автомобили

Дваесет и двегодишен скопјанец го загубил животот, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата Лазо Трповски во Скопје, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, во сообраќајката, која се случила триесетина минути по полноќ, учествувале три возила, „ауди“, управувано од С.А. (20), „ровер“ зад чиј волан бил починатиот Амир Б. и „сеат“ што го управувал Б.Е. (42).

Во несреќата, Амир Б. бил тешко повреден и со возило на итната помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде и покрај настојувањата на лекарите им подлегнал на повредите.

Според полицијата, кај С.А., Б.Е. и сопатниците Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (19) и А.Е.(18) биле констатирани телесни повреди.

Екипна на СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата и работи на целосно расчистување на случајот.