Македонија 2.549 Македонци добиваат австралиска пензија

2.549 Македонци добиваат австралиска пензија

Вкупно 2.549 граѓани на Македонија се корисници на австралиска пензија, а од нив 2.306 земаат старосна пензија, додека 243 примаат инвалидска и други пензии.

Според почесниот конзул на Македонија, Зоран Ќосески, оваа бројка се зголемува секоја година.

Тој денеска разговараше со претставници на австралиското Министерство за социјални прашања и Министерството за имиграција, кои го информираа за тоа колку македонски граѓани се корисници на австралиска пензија.