Хроника 18-годишник нападна полициски службеник од Охрид

18-годишник нападна полициски службеник од Охрид

Полициски службеник од полициската станица во Охрид вчера попладне бил физички нападнат од 18-годишниот М.И.

Полициските службеници биле повикани во средното училиште ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ поради нарушен јавен ред и мир.

При обид за утврдување на идентитет на лицето М.И., тој упатил закани кон едниот полициски службеник, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со глава.

Напаѓачот бил приведен и задржан во полициската станица во Охрид.