Свет Европа 12 сириски бегалци се удавија на пат од Турција кон Грција

12 сириски бегалци се удавија на пат од Турција кон Грција

Најмалку 12 сириски бегалци, од кои пет деца, се удавија обидувајќи се со гумен чамец од турскиот град Кушадаси да пристигнат до Грција.

Како што јавуваат светските агенции, со потонатиот чамец патувале 22 бегалци од Сирија.
Спасувачките екипи спасиле седум лица. Сè уште не е позната судбината на другите три лица.

Во меѓувреме, турските власти привеле три лица, кои се осомничени дека го организирале патувањето.