Свет Бројот на починати од топлото време во Индија надмина 1.800 луѓе

Бројот на починати од топлото време во Индија надмина 1.800 луѓе

Бројот на починати од високата температура во Индија порасна на 1.826. Топлотниот бран трае веќе со недели.

Метеоролозите наведуваат дека топлотниот бран би можел да потрае уште најмалку два дена во поголеми делови на Индија, од државата Тамил Наду на југот до Химашал Прадеш во подножјето на Хималаите.

Најголем број лица починале од последица на дехидрација и од топлотен удар.

Првите монсунски дождови, кои ќе донесат освежување, се очекуваат во првата недела од јуни.