Економија 10.000 долари за поддршка на женското претприемништво

10.000 долари за поддршка на женското претприемништво

Општина Гостивар ќе потпише меморандум за соработка со фондацијата „Егалите“, со што ќе се донираат 10.000 долари на Фондот за поддршка на жени и на млади претприемачи во Полог.

Фондот беше основан од УСАИД во 2014 година за да обезбеди капитал за почнување и за проширување на бизниси предводени од жени и од млади, овозможувајќи им да ги зголемат производствените капацитети, да создадат нови работни места и да ја подобрат економијата во полошкиот регион.