Македонија Јавниот повик до авиокомпаниите за враќање на 148 граѓани од Малта и...

Јавниот повик до авиокомпаниите за враќање на 148 граѓани од Малта и 226 од Загреб, ќе трае до вечер до 22 часот

Владата информира дека денеска објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонски граѓани во Македонија со моментален престој во странство, по претходно составена листа на пријавени патници од МНР. Соопштено е дека за дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје (226 патници).

„Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27 март 2020 година (петок) до 12:00 часот. Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Македонија. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена“, соопштија од Владата.

„Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе ја плати избраната понуда врз основа на дадениот критериум за избор. Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: gs@gs.gov.mk. Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите да се достават најдоцна до 25.03.2020 година до 22:00 часот“, стои во владиното соопштение.