Македонија Данска го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Данска го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификуваше протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО.

По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО.

„Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не значи само безбедност и стабилност, туку со себе носи и напредок, силна економија, подобар живот за сите и отворени перспективи за младите“, се вели во соопштението на СДСМ.