Македонија Зврлевски: Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство

Зврлевски: Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, по седницата на Советот на јавни обвинители, рече дека обвинителствата се во многу лоша состојба.

Тој изјави дека, за него, Специјалното јавно обвинителство е политичко обвинителство бидејќи е формирано по политички договор и потврди дека во тек е изработка на иницијатива за утврдување на уставноста на Законот за специјален обвинител.