Македонија Зуди Кока е предлог за директор на МЕПСО

Зуди Кока е предлог за директор на МЕПСО

На јавноста ѝ стана попознат по случајот со неговиот брат Цуфи Кока кој се случи за време на протест на опозицијата против францускиот предлог

Лицето кое пукаше со пиштол за време на во Скопје | Фото: Фејсбук страна на Христијан Мицкоски

Алијанса за Албанците го предложила Зуди Енузи Кока за директор на МЕПСО, јави Радио Слободна Европа.

Тој го поминал филтерот кај Надзорниот одбор и се очекува неговото назначување само да се официјализира. Зуди Кока доаѓа од компанијата, бидејќи до сега бил шеф на кабинетот на разрешениот директор на АД МЕПСО, Сурија Рашиди.

На јавноста ѝ стана попознат по случајот со неговиот брат Цуфи Кока кој се случи за време на протест на опозицијата против францускиот предлог.

Тогаш Цуфи Кока впери пиштол кон толпата, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека тој бил човекот кој требало да биде убиен.
По овој настан кој се случи во јули минатата година градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го разреши Зуди Енузи Кока од позицијата директор на ЈП Комунална хигиена.

Инаку братот на предложениот директор доби затворска казна од четири месеци за овој инцидент.