Македонија Зоран Заев на средба со Илир Мета

Зоран Заев на средба со Илир Мета

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во Скопје, се сретна со претседателот на Собранието на Република Албанија, Илир Мета.

На средбата се разговарало за актуелните случувања во регионот и за проблемите со кои се соочуваат земјите на нивниот евроинтеграциски пат.

Претседателот Зоран Заев и претседателот на албанското Собрание, Илир Мета, размениле мислења за продлабочување на политичката и на економската соработка помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Во таа насока била договорена посета на Илир Мета, придружуван од бизнис-делегација од Република Албанија, на Струмица, на којашто би се разгледале можностите за дополнителен развој на односите во областа на земјоделството.

Заемно била изразена подготвеност и за продлабочување на партиската соработката помеѓу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето за социјалистичка интеграција.