Македонија ЗНМ и Ванхауте лобираат кај новата влада за спроведување на реформите во...

ЗНМ и Ванхауте лобираат кај новата влада за спроведување на реформите во медиумите

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, оваа недела е во посета на Скопје на покана на Здружението на новинари на Македонија, за да лобира кај новата влада за спроведување на медиумските реформи.

Ванхауте денеска, заедно со претставници на ЗНМ, се сретнал со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и со претставници на Амбасадата на САД во земјава.

Во текот на наредните денови Ванхауте ќе има средба со претставниците на ЗНМ и на Новинарскиот форум, со дипломатскиот кор, како и со владини претставници.

„Утре претпладне Ванхауте ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, со кој ќе разговара за потребата за медиумски реформи во Македонија. По средбата со Заев, Ванхауте и претставници на ЗНМ ќе одржат прес-конференција, на која ќе ги споделат впечатоците за престојаниот процес на медиумски реформи. На крајот на престојот во Македонија, Ванхауте и претставници на ЗНМ ќе одржат заеднички брифинг со дипломатскиот кор за потребата од реформи“, информираат од ЗНМ.