Македонија Златниот пехар од Светското првенство во фудбал промовиран во земјава

Златниот пехар од Светското првенство во фудбал промовиран во земјава

Фото: Официјална стана на претседателот Стево Пендаровски

Пехарот од Светското првенство пристигна во Скопје, како дел од светската турнеја во пресрет на мундијалот, кој на крајот на годината ќе се игра во Катар. Златниот пехар на ФИФА земјава го донесе поранешниот бразилски фудбалер Жилберто Силва, а го пречека претседателот Стево Пендаровски.

„Нема поголемо задоволство, не само меѓу љубителите на фубалот и спортот, дека еден ден во блиска иднина, наместо претседателот на државата да го има во раце овој трофеј, капитенот на нашата фудбалска репрезентација да го крене високо и да го имаме постојано во просториите на ФФМ. Доаѓањето на славниот трофеј меѓу македонските навивачи и вљубеници во фудбалот, во присуството на бразилската фудбалска легенда Жилберто Силва е фудбалска историја“, напиша Пендаровски.

Македонија играше квалификации за учество на мундијалот во Катар, но не успеа да се пласира, откако во бараж натпреварот беше поразена од Португалија.