Македонија Зимската служба на Град Скопје фрлила 288 тони сол

Зимската служба на Град Скопје фрлила 288 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје вчера од 17 часот до 7 часот утрово фрлиле 288 тони индустриска сол на сите булевари и улици што се во надлежност на Градот, информираат од таму.

Од градската администрација велат дека на терен се интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 16 возила на зимска служба и три грејдери.

Екипите на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со луѓе и механизација работеле на расчистување на тротоарите и на јавните површини што се во надлежност на Градот Скопје.

Екипите на „Комунална хигиена“ интервенирале на повеќе локации со 125 работници и механизација составена од четири трактора со специјални четки за снег, еден трактор со специјални ножеви за снег, два мотокултиватора, како и две патарки за расфрлање сол.