Македонија Жителите на Дебар Маало утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари

Жителите на Дебар Маало утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари

Жителите на Дебар Маало во Скопје, утре ќе протестираат за безбедни улици и тротоари за пешаци пред Министерство за култура, во 18 часот.

„Окупираните тротоари, неконтролираното градење, нерешениот паркинг-простор и лошиот режим за дотур на роба, го направија маалото небезбедно за живеење“, се вели на фејсбук-страницата „Вратете ни ги тротоарите“.

Настанот е во организација на иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“ која долго време реагира за да се реши сообраќајниот хаос.

На 17 август, во близина на Министерството за култура беше прегазена жена која почина на самото место на несреќата.