Хроника Жители на Патишка Река се тепале за огревни дрва, еден пукал со...

Жители на Патишка Река се тепале за огревни дрва, еден пукал со пушка во воздух

Синоќа, околу 23.30 часот, во атарот на скопското село Патишка Река, настанала расправија, а потоа и тепачка меѓу две групи селани поради огревни дрва.

Според полициските информации, еден од учесниците во тепачката пукал со ловечка пушка во воздух, а со кундакот удрил в лице еден од соселаните.

По интервенцијата, полицијата ги привела учесниците во тепачката, меѓу кои и З.М. (58), осомничен за пукањето.

Полицијата ги запленила огненото оружје и огревните дрва и работи на расчистување на случајот.