Хроника Жител на Радолишта осомничен за шверц на пастрмка

Жител на Радолишта осомничен за шверц на пастрмка

Регионалот центар за гранични работи Запад поднел кривична пријава против Л.Л. (40) од струшкото село Радолишта, осомничен дека се обидел да прошверцува околу 20 килограми риба пастрмка, информираат од МВР.

Според полицијата, на 21 јануари, полициски службеници на локалниот пат Струга – Радожда, извршиле контрола на автомобил, марка „мерцедес 190“ со струшки таблички, сопственост на осомничениот, и на предното седиште нашле три ќеси со риба пастрмка.

Осомничениот пренесувал вкупно 38 парчиња пастрмка, со вкупна тежина од околу 20 килограми, за која не поседувал соодветна документација од каде е набавена.