Хроника Жител на Лојане со ловечка пушка застрелал соселанин

Жител на Лојане со ловечка пушка застрелал соселанин

Утрово, околу 3.20 часот, во кумановското село Ваксинце, 32-годишниот Г.И. од Лојане со два патрони од ловечка пушка го застрелал А.М. (41) од истото село, информираат од полицијата.

По инцидентот, А.М. бил принесен во Медицинскиот центар во Куманово, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Како што информираат од полицијата, на пукањето му претходела раправија меѓу двајцата жители на Лојане.

Полицијата работи на расчистување на случајот и сè уште трага по осомничениот Г.И., кој по инцидентот се дал во бегство.