Хроника Жител на Косел ја лажел полицијата дека е ограбен

Жител на Косел ја лажел полицијата дека е ограбен

Охридската полиција поднела кривична пријава против И.Т. (53), жител на селото Косел, кој е осомничен дека лажно пријавил кражба во неговиот дом во селото.

Како што информираат од полицијата, осомничениот во СВР Охрид пред извесно време пријавил дека некој провалил во неговиот дом во селото и од спалната соба одзел јамболлии, ќилими, ќебиња и една акт-чанта во која чувал 10.000 евра.

По преземените мерки, охридската полиција утврдила дека станува збор за лажна пријава.

Според полицијата, И.Т. се товари за лажно пријавување на кривично дело.