Економија Жетвата заврши откупени се 70.200 тони пченица

Жетвата заврши откупени се 70.200 тони пченица

Жетвата на пченицата заврши, а од ожнеаните 81.000 хектари добиен е род од 306.000 тони, што е зголемување за 60 проценти во споредба со ланската жетва.

Досега се откупени 70.200 тони со просечна откупна цена од 8,56 денари за килограм.

Земјоделците годинава се субвенционираат за складирање на пченицата во силоси со 80 проценти од трошоците за чувањето или најмногу до 60 денари по тон за еден месец, а се исплаќаат на секои 60 дена.