Македонија Жестока комисиска дебата за укинување на екстерното тестирање

Жестока комисиска дебата за укинување на екстерното тестирање

Владејачкото мнозинство не го прифати предлогот на опозицијата за укинување на екстерното тестирање. По долга дебата, членовите на Комисијата за образование не ги приближија ставовите за измените на Законите за основно и за средно образование.

Рената Дескоска од СДСМ смета дека екстерното тестирање треба целосно да се укине поради штетните последици што ги предизвика во изминатите неколку години.

– Екстерното е компатибилно единствено со тоталитарната матрица на власта, каде навидум работите функционираат, но подоцна доаѓа бранот последици. Ова е промашен проект кој служи како средство за закана кон наставниците со казни. Потребна е темелна реформа во образованието, но со јавна расправа и со учество на сите засегнати страни, а не како сега, кога е сведено на експеримент – рече Дескоска.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, предлогот на опозицијата нема темелно образложение и со него сакаат само да добијат политички поени.