Македонија Жерновски во вторник повикан во СЈО за случајот „шамари“

Жерновски во вторник повикан во СЈО за случајот „шамари“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во вторник, повторно е повикан во Специјалното јавно обвинителство, но овојпат за нов предмет поврзан со општина Центар.

Како што соопштуваaт од општината, се работи за нарачаните шамари врз Жерновски и за демолирањето на општинските бараки.

„Како што се слуша во една од „бомбите“ на опозицијата, тогашниот премиер Никола Груевски, во разговор со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, нарачува и договара протест пред општина Центар во наводна одбрана за рушењето на новата црква, при што дел од донесените граѓани треба да влезат во салата на Советот и, пред сите советници и медиуми, да му „врзат три-четири јаки шамари“ на тукушто избраниот градоначалник на општина Центар“, стои во соопштението.

За вандализмот и демолирањето на општината, градоначалникот Жерновски во неколку дописи до екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јануловска, бараше одговорност за нарачателите и сторителите.