Хроника Жена почина од повреди од сообраќајка кај Кадрифаково

Жена почина од повреди од сообраќајка кај Кадрифаково

Од тешките повреди стекнати при превртување на автомобилот во кој се возела, вчера починала 75-годишната С.Д., соопшти МВР.

Сообраќајката се случила на патот Штип – Велес, кај селото Кадрифаково. Автомобил „дачија логан“ со скопски регистерски таблички, управуван од 51-годишниот скопанец Д.Д., во еден момент излетал од коловозот, при што и возачот и жената добиле тешки телесни повреди.

Двајцата биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип и им била укажана лекарска помош, но жената по два часа од несреќата починала. Возачот е задржан на лекување.