Македонија Жена ограбила обложувалница во Ростуше

Жена ограбила обложувалница во Ростуше

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, жената одзела пари од дневниот промет од обложувалница во гостиварско Ростуше

Фото: МВР

Приведена е 56-годишната В.Т. од селото Ростуше – се сомничи дека ограбила спортска обложувалница.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, жената одзела пари од дневниот промет од обложувалница во гостиварско Ростуше.

Дваесетина минути подоцна, полицијата ја лишила од слобода на локален пат за селото, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

МВР најавува соодветна пријава за случајот.