Подглавна секција Жена нападната од поранешниот партнер додека била на работа

Жена нападната од поранешниот партнер додека била на работа

Околу 18 часот во продажно место на подрачјето на Драчево, додека била на нејзиното работно место, жената била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет

Фото: Мета.мк

На 9 август, во СВР Скопје, 40-годишна жена од Кавадарци со живеалиште во Скопје пријавила дека околу 18 часот во продажно место на подрачјето на Драчево, додека била на нејзиното работно место, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер З.Р., кој употребил тврд предмет, информира Министерството за внатрени работи (МВР). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат оттаму.

Истиот ден, во друг случај, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле У.Ш. (65) од Радовиш, по претходна пријава затоа што истиот ден околу 21 часот физички ја нападнал неговата поранешна 57 годишна сопруга во нејзиниот дом. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.