Македонија Жена измамена преку „Фејсбук“: Ветил дека ќе ѝ помогне, а ѝ украл...

Жена измамена преку „Фејсбук“: Ветил дека ќе ѝ помогне, а ѝ украл над 500 евра

Таа му уплатила вкупно 34.100 денари до 12 април годинава во надеж дека ќе добие помош за лекување

Photo by Solen Feyissa on Unsplash

Жена од Кочани била измамена од 65-годишно лице од охридскиот регион кое ветило дека ќе ѝ даде донација за нејзиното лекување, информираат од МВР. Таа му уплатила вкупно 34.100 денари до 12 април годинава, во надеж дека ќе добие помош за лекување. По овој датум, пријавениот ја блокирал жената на телефон и Фејсбук, а таа го пријавила во полиција.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(65) од охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од 31.03.2023 до 12.04.2023, пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук стапил во контакт со женско лице од Кочани, доведувајќи ја во заблуда да уплати одредена сума пари за да ѝ даде донација за нејзиното лекување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.