Забава Жељко Јоксимовиќ: Чест ми е да бидам дел од Водици во Охрид

Жељко Јоксимовиќ: Чест ми е да бидам дел од Водици во Охрид

Исклучителна чест ми е да бидам дел од една таква прекрасна церемонија, напиша на својот профил на „Фејсбук“, новиот кум на Водици за 2015 година во Охрид, Жељко Јокимовиќ.

Здружението на граѓани „Богојавление“, денеска и официјално ги избра новите кумови за манифестацијата Водици – 2015 во Охрид. Како што претходно веќе беше неофицијално објавено, тоа се балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески.