Македонија Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

Меѓународните возови на релација Скопје – Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници – Транспорт“.

Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.