Видео Железничка несреќа во Буенос Аирес

Железничка несреќа во Буенос Аирес

Најмалку 40 лица се повредени откако патнички воз удри во локомотива на сообраќајна делница на пругата во предградие на Буенос Аирес, соопштија аргентинските власти.

Екипите на брзата помош и противпожарните служби ги згрижиле повредените и ги префрлиле во најблиската болница, а потврдија и дека нема тешко повредени.

Несреќата се случила вчера во градот Темперлеј, во моментот додека двата воза се движеле со мала брзина.

Првичните резултати од истрагата, која е покрената по несреќата, покажуваат дека патничкиот воз игнорирал најмалку еден знак за запирање, наведено е во соопштението на аргентинското министерство за сообраќај.