Македонија Зголемен превозот на мигранти од Гевгелија кон Табановце

Зголемен превозот на мигранти од Гевгелија кон Табановце

Изминативе два-три дена интензивиран е превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце, поради напливот на мигранти кои пристигнуваат во прифатниот камп на јужната граница.

Во изминатото деноноќие, со четири специјални возови, од Гевгелија за Табановце се превезени околу 2.500 мигранти. Утрово од Гевгелија за Табановце заминал уште еден воз со околу 600 мигранти.

Според оцените на УНХЦР, изминативе два месеци низ земјава транзитирале околу 60.000 мигранти на својот пат кон саканата дестинација.