Економија Зголемен бројот на туристи

Зголемен бројот на туристи

Туристи во Скопје

Бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66.033, а бројот на ноќевањата изнесува 156.554, покажуваат резултатите на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 3,5 проценти, а бројот на ноќевањата остана на исто ниво.

Бројот на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е намален за 1 процент, а бројот на странските туристи е зголемен за 5,1 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 0,7 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 0,3 отсто.

Во периодот јануари-септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5,6 проценти и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 отсто, а кај странските има зголемување за 8,4 проценти.

Во периодот јануари-септември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1,9 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,8 отсто, а кај странските има зголемување за 6,3 проценти.