Македонија Зголемен бројот на туристи во Македонија

Зголемен бројот на туристи во Македонија

За 5,2 отсто повеќе туристи ја посетиле Македонија во првите десет месеци од годинава и оствариле за 2 процента поголем број на ноќевања во однос на истиот период лани. Бројот на домашни туристи е зголемен за 3 отсто, а на странските за 6,9 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во земјава во октомври годинава вкупно престојувале 62.079 туристи, кои оствариле 143.807 ноќевања што претставува зголемување од 1,3 отсто на бројот на туристи и 3,9 проценти на ноќевања во споредба со истиот месец лани.