Свет Зетот на Трамп во фокусот на ФБИ истрагата за контакти со Русија

Зетот на Трамп во фокусот на ФБИ истрагата за контакти со Русија

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов близок соработник, Џаред Кушнер имал најмалку три неоткриени контакти со рускиот амбасадор во САД.

Ова се случувало за време и по претседателската изборна кампања во 2016 година, објавуваат американските медиуми.

Во контактите спаѓаат и два телефонски повици направени помеѓу април и ноември минатата година, за што Кушнер сега е во фокусот на ФБИ истрагата.

Новите информации за двата повика покажуваат дека контактите на Кушнер со Сергеј Кислјак биле побројни отколку што Белата куќа објавила.

Весникот „Вашингтон пост“ открива дека имало најмалку 18 неоткриени повици и меилови помеѓу соработниците на Трамп и лица поврзани со Кремљ седум месеци пред претседателските избори, вклучувајќи и шест повици со Кислјак.