Македонија Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер регистриран во Охридско

Земјотрес со јачина од 3,9 степени по Рихтер регистриран во Охридско

Земјотрес со магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.39 часот, во охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот чиј епицентар бил на седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри, почувствуван е во Охрид и во Струга. Земјотресот бил со интензитет од четири степени според Европската макоросеизмичка скала.

Претходно утрово, во 9.58 часот, во охридското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 2,4 степни според Рихтеровата скала. Земјотресот, почуствуван во Охрид и во околината, бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани повеќе од 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степени. Најсилниот се случи на 20 јуни и беше со магнитуда од 3,6 степени според Рихтер.