Свет Балкан Земјотрес од 4,3 степени го погоди Родос

Земјотрес од 4,3 степени го погоди Родос

Послаб земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала забележан е во морето кај грчкиот остров Родос.

Агенцијата АНА пренесува дека според податоците на институтот за геодинамика на атинската опсерваторија, епицентарот бил на 31 километар југозападно од островот.

Нема податоци за повредени или причинета материјална штета.