Свет Земјите од Заливот го поддржуваат претседателот на Јемен

Земјите од Заливот го поддржуваат претседателот на Јемен

Шесте земји од Советот за соработка во Персискиот Залив го осудија обидот за државен удар во Јемен и ветија поддршка за претседателот Абд-Рабу Мансур Хади, објави „Радио Слободна Европа“.

Советниците на јеменскиот претседател тврдат дека тој сè уште е на власт, и покрај тоа што шиитските бунтовници Хаути го контролираат главниот град Сана и го опколија Хади во неговиот дом.

Министрите за надворешни работи од земјите во Персискиот Залив денеска одржаа итна средба во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, да разговараат за ситуацијата во Јемен.

Во Советот за соработка во Персискиот Залив членуваат Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Оман, Катар и Обединетите Арапски Емирати.