Свет Европа Зеленски ќе има „специјално обраќање“ на Светскиот економски форум

Зеленски ќе има „специјално обраќање“ на Светскиот економски форум

Темата на форумот оваа година ќе биде „Обновување на довербата“ и треба низ разговорите да ја прикаже војната на Русија во Украина, иако главна тема ќе биде војната во Газа

Фото: Кабинет на претседателот на Украина, CC BY-SA 4.0, Викимедија комонс

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе се обрати на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос следната недела, пренесува Гардијан.

Зеленски, кој во минатото се обраќаше до СЕФ преку видео, оваа година ќе одржи говор и ќе се сретне со извршните директори, изјави претседателот на СЕФ, Борж Бренде.

„Ова се случува во време на најкомплицираната геополитичка и геоекономска ситуација во последните децении“, рече Бренде на виртуелна прес-конференција.

Темата на форумот оваа година ќе биде „Обновување на довербата“ и треба низ разговорите да ја прикаже војната на Русија во Украина, иако главна тема ќе биде војната во Газа, а ќе се одржи од 15 до 19 јануари во Давос, Швајцарија.

Украинската влада, наводно, има за цел да ги искористи дискусиите за промовирање на својот мировен план, кој предвидува повлекување на сите руски сили од окупираните територии на Украина.

На овогодишните состаноци се очекуваат преку 100 влади, сите големи меѓународни организации, 1.000 партнери на форумот, како и светски лидери.

Меѓу присутните политичари ќе бидат и израелскиот претседател, Исак Херцог, новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи, претседателот на Франција, Емануел Макрон и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.