Економија „Зелената градба“ заштедува 30 отсто енергија

„Зелената градба“ заштедува 30 отсто енергија

„Зелената градба“, односно употребата на енергетски ефикасни материјали при градба на објектите, заштедува до 30 отсто струја и до 40 отсто вода, покажува светскиот тренд на практикување на овој вид градење.

Ова беше истакнато на настанот „Енергетска ефиксаност во градежништвото – Зелена градба“, во организација на Сојузот на стопански комори, Македонскиот совет за зелена градба и Бизнис-центарот на Скопскиот плански регион.

– Трошоците при „зелена градба“ се само 1 до 5 отсто повисоки и корисникот на станбениот или деловниот простор преку заштедите што ќе ги оствари, ги враќа овие средства во првата година – изјави извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Целта на овој настан е да се подигне свеста на граѓаните и на компаниите дека трошоците за живот преку овие градби значително се намалуваат, а помало е и негативното влијанието врз животната средина.

Во Македонија, ниска е стапката на изградба на енергетско-ефикасни објекти, па оттука и апелот до градежните компании да користат енергетски ефикасни материјали при градба.