fbpx

Компании и граѓани ќе имаат пристап до кредити за обновлива енергија и енергетска ефикасност

Средните и малите компании и граѓаните, со фокус на недоволно опфатените категории, ќе можат преку комерцијалните банки да имаат пристап до кредити со грантова компонента со кои ќе можат да инвестираат во топлински пумпи, инвертери, клима уреди, котли, сончеви колектори за топла вода и фотоволтаици

-

Преку инструментот „Зелен финансиски инструмент“ се обезбедени финансии од 46 милиони евра кои ќе можат да ги искористат мали и средни претпријатија и граѓани од ранливи категории за воведување на технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска се обрати на настанот за промоција на финансиските продукти од проектот „Зелен финансиски инструмент”, кој се имплементира во соработка со агенциите на Обединетите нации, УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ, како и Европската банка за обнова и развој.

„Зелениот финансиски инструмент“ започнува од денеска и ќе се имплементира до април 2026 година, а преку него на располагање се 46 милиони евра кои ќе бидат пласирани преку комерцијалните банки, кои се наменети и ќе можат да ги користат малите и средни претпријатија и граѓаните од ранливите категории.

„Имајќи предвид дека сите држави се справуваат со глобални кризи, како пост ковид економското закрепнување, енергетската и економска криза, сметам дека овој проект со своите продукти кои се наменети кон малите и средни претпријатија и граѓаните од недоволно опфатени категории, е одлична можност да ја изразиме својата силна посветеност на забрзување на имплементација на Агендата 2030 и остварување на Целите за одржлив развој. Особено важно е дека преку имплементацијата на овој проект, токму приватниот сектор и граѓаните ќе земат активно учество во борбата со загадувањето и климатските промени“, рече Битиќи.

Тој додаде дека средните и малите компании и граѓаните, со фокус на недоволно опфатените категории, ќе можат преку комерцијалните банки да имаат пристап до кредити со грантова компонента со кои ќе можат да инвестираат во топлински пумпи, инвертери, клима уреди, котли, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаици, меѓу останатите продукти. Покрај ова, за олеснување на процесот и осигурување на правилно искористување на средствата, ним ќе им биде на располагање и бесплатна техничка помош.

Овие 46 милиони евра се финансирани од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој или Joint SDG fund, Европската банка за обнова и развој, комерцијалните банки и Владата на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи објасни дека ова е финансиски механизам преку кој целиот екосистем на банки, продавачи на производи и даватели на услуги и Владата, се стимулираат да работат заедно со различни засегнати страни за да се обезбеди потребната финансиска и техничка поддршка што ќе ја забрза транзицијата кон иновативни решенија за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ - македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за...