Македонија Здружението на новинари ги додели годишните новинарски награди

Здружението на новинари ги додели годишните новинарски награди

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги избра добитниците на годишните новинарски награди за 2019 година.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера.

Новинарите од емисијата „360 степени“ Зоран Јовановски и Славица Филиповска за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“ ја добија наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.

Додека пак, наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2019 година за новинари од внатрешноста на Македонија му е доделена на новинарот Ване Трајков од Струмица за неговите прилози за проблематичниот тендер на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица.

За сите наградени следува плакета како признание од ЗНМ, а за наградените за истражувачките стории следува и парична награда од 1.000 евра по категорија.

На јавниот конкурс биле поднесени 27 апликации за награди за сите три категории, а членови на Комисијата за избор на наградите беа Ана Петрушева, Бењамин Арифи и Кристина Мачкиќ.