Македонија Завршува забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје

Завршува забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје

Завршува забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на градот, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони.

Екипите на ЈП„ Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на Град Скопје, во текот на денешниот ден ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за привременото ограничување и пренасочување на товарниот сообраќај, односно привремената сообраќајна сигнализација, за безбедно и непречно одвивање на сообраќајот по уличната мрежа на град Скопје.