Економија Завршната сметка за буџетот за 2015 година денеска пред пратениците

Завршната сметка за буџетот за 2015 година денеска пред пратениците

Пратениците на денешната 108. собраниска седница ќе расправаат по завршната предлог-сметка на буџетот за 2015 година.

Министерот за финансии, Кирил Миноски, неодамна ја образложи завршната сметка на буџетот за 2015 година пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Вкупните приходи на буџетот биле 161 милијарда денари, расходите 180 милијарди денари, а дефицитот изнесувал 19 милијарди денари.

Со завршната сметка за 2015 година, државниот долг изнесувал 38 проценти од домашниот бруто-производ (БДП).

Министерот истакнал дека фискалните политики предвидени за 2015 година биле остварени.

Расправата во Собранието ќе се одвива без присуство на пратениците од опозицијата.