Подглавна секција Заврши заложничката криза во Холандија, уапсено е едно лице

Заврши заложничката криза во Холандија, уапсено е едно лице

Сите четири заложници се безбедни, а осомниченото лице излезе од клубот во кој ги држеше лицата со дигнати раце

Фото: 4711018 from Pixabay

Заложничката криза во холандскиот град Еде која се одвиваше денес заврши со ослободување на сите заложници кои беа држени во ноќен клуб. Лицето што ги држело заложниците излезе од клубот со кренати раце и беше уапсен.

Иницијално беа ослободени тројца заложници, а подоцна беше ослободен четвртиот заложник.

Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани околу 150 домови. Холандските медиуми известуваат дека забележале робот за деактивирање бомби околу кафулето.

Нема знаци дека станува збор за терористички чин.