Свет Балкан Заврши заложничката драма на аеродромот на Кипар

Заврши заложничката драма на аеродромот на Кипар

Уапсен е киднаперот на авионот на египетската компанија „Египет ер“, кој го пренасочил авионот на летот од Александрија до Каиро, до аеродромот Ларнака, на Кипар, соопшти кипарското министерство за надворешни работи.

Египетскиот премиер Ибрахим Махлаб рече дека властите ќе го испитаат киднаперот со цел да ги откријат неговите мотиви за чинот, додавајќи дека киднаперот барал средба со „ЕУ преставници и заминување на други аеродроми“.

Останатите патници и членови на екипажот, кои биле држени во авионот, претходно истрчале од авионот, додека киднаперот излегол со рацете подигнати зад глава, соопшти кипарската државна телевизија.

Кипарскиот претседател, Никос Анастасиадес рече дека киднапирањето не е поврзано со тероризам туку со поранешната сопруга на киднаперот, додека министерството за надворешни работи на ова земја соопшти дека киднаперот е „нестабилен“.