Дописници Заврши реконструкцијата на патот од Буково до Ресен

Заврши реконструкцијата на патот од Буково до Ресен

По повеќемесечна работа и одолжувања кои им создаваа нервоза на патниците, конечно заврши реконструкцијата на патот на превојот од Буково до Ресен.

Сега, од Охрид до Ресен ќе се патува побрзо и побезбедно.

Новата реконструирана делница е соодветно обележана со сообраќајни знаци и со сигнализација.

Работите продолжуваат со реконструкција на делницата од Ресен до Битола.

Половината е веќе асфалтирана, а до крајот на годинава треба да заврши комплетната обновата на овој значаен регионален патен правец, кој беше во многу лоша состојба.

Целиот зафат чини 6 милиони евра, додека вкупната должина на реконструираната сообраќајница изнесува 27 километри.