Македонија Затворена за сообраќај главната улица во Бутел 1 од кружниот тек до...

Затворена за сообраќај главната улица во Бутел 1 од кружниот тек до семафорите

Поради изградба на атмосферска канализација на улицата Александар Урдаревски во скопската населба Бутел 1, од денеска, во следниот месец, ќе биде затворена за сообраќај на потегот од кружниот тек до семафорите кај ТЦ „Живко Брајковски“, соопшти Општина Бутел.

Поради зафатот што го реализираат општината и Град Скопје, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Хо Ши Мин“  преку улицата „Цетинска“ или пак преку новата делница на  булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“ или обратно.

Сообраќајот кон градските гробишта Бутел и кон селата на Скопска Црна Гора, сообраќајот ќе се одвива од кружниот тек преку улицата „Боца Иванова“ или обратно.