Свет Европа Затворен трговски центар во Есен поради терористички закани

Затворен трговски центар во Есен поради терористички закани

Германската полиција денеска затвори еден трговски центар во градот Есен, поради „конкретни податоци за можен напад“.

„Нашите истражни сознанија покажуваат дека има закана по трговскиот центар“, стои во соопштението, без да се прецизира природата на „терористичката закана“.

Како што јавуваат германските медиуми, трговскиот центар ќе остане затворен во текот на целиот ден.

Германија се наоѓа во состојба на зголемена готовност по серијата терористички напади во Берлин, Париз и Брисел.