Хроника Затруени деца и професор од „Арсени Јовков“

Затруени деца и професор од „Арсени Јовков“

Со симптоми на кашлање и на задушување, 13 ученици и еден професор од средното училиште „Арсени Јовков“, вчера попладне завршиле на Клиниката за токсикологија и во градската болница „8 Септември“ .

Според МВР, се работи за вдишување спреј кој бил употребен од две непознати лица кои засега не се лоцирани, а по настанот се упатиле во непознат правец. Настанот се случил околу 16 часот, кога децата почувствувале печење на очите и во грлото.

Од Клиниката за токсикологија велат дека учениците се во добра состојба.