Свет Засега нема договор меѓу Иран и големите сили

Засега нема договор меѓу Иран и големите сили

Иран и големите сили уште не постигнале договор за клучните прашања што се однесуваат на спорната иранска нуклеарна програма, соопштија претставниците во Женева.

– Сè уште постојат разлики, но сите страни преговараат сериозно и одлучно. Сепак, сè уште не нашле решение за клучните прашања – изјави синоќа шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, по првиот ден од новата рунда преговори во Женева за иранската нуклеарна програма.

Денеска е втор ден од преговорите меѓу светските сили и Иран, предводени од шефовите на дипломатија на САД и на Иран, Џон Кери и Мухамед Џавад.