Свет Запрена потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Запрена потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ во водите на Индискиот океан, во близина на островот Реинион е запрена, соопштија француските власти.

Пред десеттина дена започна потрагата по авионот кој лани во март минатата година исчезна со сите 239 патници и членови на екипажот, беше обновена откако на островот беа пронајдени дел од авионот од летот „МХ 370“.

Островските власти соопштија дека експертските тимови пребарала околу 10.000 квадратни метри од океанот и целиот источен брег на островот. Иако потрагата престанува, тимовите од самиот остров ќе останат на готовност.

Авионот од летот од Куала Лумпур до Пекинг исчезна од радарите на 8 март 2014 година и оттогаш му се губи секаква трага.